Powered By Blogger

7. 9. 2014.

К. Ристевски: „Ова се мечеви кои се чекаат цела една кариера„

БИТОЛЧАНЕЦОТ МОТИВИРАН ПРЕД МОЖНИОТ ПОЧЕТОК ОД ПРВАТА МИНУТА ПРОТИВ ШПАНИЈА УТРЕВЕЧЕР
Одбранбениот фудбалер на софиска Славија, Кире Ристевски иако за националниот тим има неколку мечеви за сениорската репрезентација и многу повеќе во младинските, никогаш не играл против толку моќен противник како утрешниот. Ристевски е единствениот фудбалер кој ги одигра сите средби за Славија и во пролетниот дел од минатата и во есенскиот дел од оваа сезона.
Битолчанецот подеднакво добро ја извршуваше својата задача и како централен дефанзивец и како лев бек. Токму на таа позиција веројатно единствено нема грижи нашиот селектор, туку ќе треба да избира. Во зависност од формацијата Ристевски конкурира и за местото во средината на одбраната и покрај левата аут линија: „Не е многу важно на која позиција ќе играм, ако настапам сигурно ќе бидам силно мотивиран, бидејќи не се игра секој ден против европскиот првак. Концентрирани сме, размислуваме само на противникот и тоа како да го дадеме најдоброто од себе. Ова се мечеви кои ги чекаме цела една кариера и не постои ризик лошо да влеземе во мечот или да бидеме било како неподготвени. Едноставно секој сака да игра со најдобрите. Мислам дека полн погодок беше доаѓањето тука во Шпанија неколку дена порано, денес ќе го почувствуваме и теренот каде утре ќе играме и останува само уште да се соочиме со шпанските шампиони. Шпанија е фудбалска машина, но видовме дека и тие се ранливи. Зошто ние да не бидеме со малата група на репрезентации кои  успеале да направат изненадување„ велеше бившиот фудбалер на Пелистер и албанскиот Балиш во пресрет на последниот официјален тренинг на црвено-жолтите. 

Нема коментара:

Постави коментар