РАБОТНИЧКИ СЕ ВРАТИ ВО ЕЛИТАТА ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ, ПРИЛЕП ПОРАЗЕН НА ДЕБИТО НА НОВИОТ ТРЕНЕР
Боро Чурлевски со пораз дебитираше на клупата на Прилеп, на
мечот во Скопје со новиот суперлигаш. По пауза од 20 години, Работнички
повторно се израдува на победа во најквалитетната ракометна лига во земјава,
откако во второто коло пред домашна публика го победи Прилеп со 26:23 (8:10).
Клучот на пресвртот во салата во Расадник беше исклучувањето на Филип Ангелески
во 37 минута, кој поради приговор доби исклучување, а потоа и дополнителни две
минути, што значеа и црвен картон, бидејќи неколоку минути претходно првпат
беше исклучен. Без него, и не колку повредени ракометари Прилеп неможеше да се
држи, и му дозволи на домаќинот да израмни на 13:13, и потоа и да поведе. Пред
самиот крај на натпреварот, прилепчани намалија на 24:22, но потоа Работнички
постигна гол со шшто ги реши сите дилеми. Деан Ѓуровски постигна 8 гола, а
Стефан Петковски шест за Работнички. Кај Прилеп, Александар Бозаровски постигна
8 гола.
Нема коментара:
Постави коментар