ПРОТИВ ШКЕНДИЈА ПЕЛИСТЕРЦИ ИМААТ ВИСТИНСКИ ТЕСТ НА
ВРЕДНОСТИТЕ ОВАА ЕСЕН
Доаѓањето на Шкендија под Тумбе кафе е вистински тест за
фудбалерите на Пелистер, кои минуваат позитивен период и по поразот од Металург
во Битола во третото коло, поврзаа 4 меча без пораз и освоија 10 бода од
можните бода.
За мечот со тетовските црвено-црни во Битола владее голем интерес и се очекува исполнет стадион. Во екипата се враќа казнетиот Јовче Трајковски, а на располагање на стручниот штаб ќе му биде и опоравениот Гоце Тодоровски и новајлијата Горан Ганчев. Минатата сезона во трите меча на Пелистер и Шкендија, по еднаш славеа двете екипи и еднаш беше нерешено. Под Тумбе кафе пелистерци славеа со 1:0 со голот на Мартин Ковачев. Еден од фудбалерите кои влегуваат во форма оваа есен е Диме Ристевски, кој против Тетекс го постигна својот прв гол оваа сезона. „Мислам дека Пелистер покажа во првата половина од есенскиот дел дека може да се надигрува со секого. Гостувањето на Шкендија во Битола посебно не мотивира, бидејќи знаеме каков тим направи тетовскиот клуб ова лето, како се подготви и какви им се амбициите. Но нашата самодоверба е на високо ниво, никогаш не влегуваме во меч опуштено или потценувачки, но не ги ни преценуваме ривалите. Така ќе биде и в недела. Со нашите навивачи мислам дека имаме свои опции да се радуваме в недела„ истакна организаторот на играта на битолчани. Голем дел од тимот кој го совлада Тетекс минатата недела ќе биде потврден, а втор меч по ред на клупата на зелените нема да седи Марјан Секуловски, заради црвениот картон во Кратово во 6 коло.

Нема коментара:
Постави коментар