ПРОДОЛЖУВА ПОЗИТИВНИОТ МОМЕНТ НА КЛУЖ И МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ МИРКО ИВАНОВСКИ
Во градската
пресметка на стадионот „Д-р Константин Радулеску„ пред 6.000 гледач помеѓу Клуж
и и Универзитатеа Клуж, тимот на Мирко Ивановски како домаќин славеше со 1:0 со
голот на Лопес во 94 минута во тензичен и груб натпревар.
Мирко Ивановски ги
одигра сите 90 минути како најистурен напаѓач на Клуж и постојано беше опасност
за голот на Веселовски. Кога Менголо заради два жолти картони беше исклучен во
35 минута (вториот жолт картон заради симулација) се чинеше дека Клуж полесно
ќе го „скрши отпорот„ на Универзитатеа. Но гостите одлично се бранеа и во
неколку наврати имаа среќа. Во судиското надополнување Клуж дојде до трите бода
по мешаница пред гостинскиот гол. Со овој триумф Клуж собра 22 бода и се
изедначи на врвот со шампионот Стеауа, која вчера одигра 0:0 со Астра Плоешти.
Ова е седма победа на последните осум натпревари за Клуж, кој по поразот од
Стеауа на домашен терен, освои 22 од можните 24 бода. Во наредното 10 коло, в
недела Клуж му гостува на шесто пласираната екипа на Таргу Муруш, в недела од
20 часот.
Нема коментара:
Постави коментар