Powered By Blogger

29. 9. 2014.

Китановски одигра цел меч, први бодови за Вождовац

КОНЕЧНО РАДОСТ ЗА ТОМЕ КИТАНОВСКИ И НЕГОВИОТ ВОЖДОВАЦ
Конечно во седмиот натпревар од српската Јелен Супер-лига, Вождовац каде од оваа есен настапува Томе Китановски, ја забележа првата победа.
На „Трговскиот стадион„ во белградското предрградие, Вождовац го совлада Младост од Лучани со 2:0, а битолчанецот ги одигра сите 90 минути на позиција на десен бек. Обиори во 4 и Стефан Бабовиќ во 74 минута беа стрелци на головите за црвено-белите. Вождовац останува на делбата на последното место со 4 бода, како и Раднички од Ниш и Напредок, но оваа победа буди оптимизам за во иднина. Во наредното 8 коло, Вождовац му гостува на Црвена звезда в сабота 17:30 часот.

Нема коментара:

Постави коментар