БИТОЛЧАНЕЦОТ НА ГОЛОТ НА НАЦИОНАЛНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, КАКО НАЈИСКУСЕН ИМ ДАВА ПОДРШКА НА НАШАТА ПОДМЛАДЕНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Голманот на
македонската фудбалска репрезентација Томе Пачовски се подготвува за својот 38
натпреварот во дресот со државниот грб и е еден од ретките кои настапија и на
последното соочување меѓу овие две репрезентации во август 2010 година, кога
како актуелен светски првак „црвената фурија„ на Дел Боске гостуваше во Скопје.
И покрај трите порази на последните четири средби, Пачовски знае што значи Шпанија во модерниот фудбал и не се залажува дека нашиот противник во понеделник е во криза: „Не треба да се трошат зборови за Шпанија. Имаат квалитет на секоја позиција, но ние одиме машки да одиграме. Одиме со срце за Македонија, бидејќи ние нема што да загубиме. Не не залажува тоа што имаат смена на генерации и што нема да игра нивниот прв избор на напаѓач Диего Коста. Не очекува пеколна атмосфера, но ние нема што да загубиме„ Битолчанецот се осврна и на нашата подмладена репрезентација и максимално ги подржа младите фудбалери кои треба да настапат во вој квалификационен цисклус: „ И ние правиме смена на генерации и имаме многу млади фудбалери. Ова е одлично искуство за нив. Се подготвуваме во мирна и релаксирана атмосфера. Јас како еден од поискусните репрезентативци верувам во помладите фудбалери. Треба само да играат опуштено и да го покажат истото тоа што го покажуваат на тренинзи и на натпреварите. Мислам дека ова е нов почеток и треба да се подржат младите фудбалери, бидејќи ова е само прв меч во квалификациите. И јас знам како ми беше кога почнував како млад репрезентативец„ подвлече Пачовски.
За прв пат нашата репрезентација комплетно едно гостување подготвува на теренот на одигрување на мечот, а не во нашата земја, што според голманот на Мехелен е придобивка: „Добра работа е што собирот го направивме тука во Шпанија. Сите доаѓаме од различни делови на Европа и потребни ни беа тие 3-4 дена да се навикнеме на климата, атмосферата и навиките тука во Шпанија„ заврши Пачовски пред денешниот попладневен тренинг. Утре репрезентативците ќе го имаат официјалниот тренинг на местото на одигрување на мечот, на стадионот „Сиудад де Валенсија„ каде настапува Леванте.

Нема коментара:
Постави коментар