БИТОЛЧАНЕЦ ГО НАОЃА СВОЕТО МЕСТО ВО НОВИОТ КЛУБ ВО РОМАНИЈА И ПОЛЕКА ЈА ЗГОЛЕМУВА МИНУТАЖАТА
Македонскиот
интернационалец во Романија, Мирко Ивановски настапи од 59 минута во втората
последователна победа на Клуж со него во тимот.
Имено во еден од последните мечеви од 6 коло на романскиот шампионат, Клуж на гости го доби тимот на Петролул со 1:2. Ивановски го замени Гимараеш Пинто де Азеведо при 1:1 и по долга иницијатива и играјќи со еден, па потоа и со два играчи повеќе, Клуж издвојува победа од 1:2. Јаколис во 40 минута ги доведе гостите во водство, Тешеира во 54 минута израмни, а победата на Клуж му ја донесе Таде во 86 минута. Петролул кој во четвртокот испадна од Лига Европа од Динамо Загрев, мечот го доигра со девет фудбалери заради црвените картони на Тешеира во 82 и Алвес во 85 минута. Сега екипата на Мирко Ивановски е трета со 13 бода, само два помалку од Астра и Стеауа. Токму по репрезентативната пауза, Клуж игра против Астра, шпто е прв меч против својата бивша екипа за битолчанецот.

Нема коментара:
Постави коментар