Powered By Blogger

28. 9. 2014.

Брегалница немоќна, Пелистер непробиен

РЕМИ КОЕ ГИ ЗАДОВОЛУВА ПЕЛИСТЕРЦИ ПОД ИСАРОТ
Прва фудбалска лига - 9 коло
Брегалница - Пелистер 0:0

Градски стадион во Штип. Гледачи: 1000
Главен судија: Фатон Мустафи (Тетово)
Асистенти: Небојша Ѓорѓиевски (Брвеница) и Марјан Стојанчевски (Скопје)
Делегат: Владо Крстевски (Скопје)
Стрелци: нема
Жолти картони: Андонов, Здравков, Стојанов (Брегалница), а Брдаровски и Ганчев (Пелистер)
Црвени картони: нема 

Брегалница:
Гачевски, Ѓорески, Митрев, Андонов, Здравков(од 60м. Марковски) , Јовановиќ, Филиповски (од 46м. Никовски), Христов, Велковски (од 86м. Блажевски), Ристовски, Стојанов

Пелистер:
Пашовски, Динчев, Ганчев,Крстески,Степановски, Анастасов, Мустафов, Брдаровски, Ристевски, Љамчевски (од 58м. Тодоровски), Ступиќ

Во млак ритам двете екипи играа претпазливо и вистинска реткост беа зрелите шанси во првата половина на првиот дел. Брегалница ја имаше топката, но сите комбинации беа хоризонтални и не многу опасни. Здравков со млак удар по земја во 11 минута прв се закани. Пет минути подоцна Филиповски со глава биеше централно и голманот Пашовски без проблем одбрани. Од 27 минута па се до одморот, битолчани беа поопасни. Најнапред по убавото проигрување на Бурхан Мустафов, Петар Љамчевски излезе сам пред Гачевски, го мина, но си даде предолг фор и шансата пропадна. Во 38 минута по центаршутот на Горан Ганчев, највисоко скокна Ступиќ и со глава биеше одлично во аголот, но Филип Гачевски исфрли во корнер. Голема шанса во 41 минута имаше и Анастасов, кој по двојната комбинација со агилниот Ристевски, шутираше по земја со десната нога, но за малку крај левиот домашен дирек. Домашната публика започна да негодува од играта на штипјани, а Пелистер стрпливо ја чекаше својата шанса. Вторито дел беше уште поприспивен со мал број на полушанси во завршницата на средбата. Во 71 минута Дарко Стојанов биеше со глава под пречката, но Горан Пашовски ја исфрли топката во корнер со ефектна парада. Во последните 5 минути Брегалница притисна, а Пелистер ловеше контранапади. Динчев и Брдаровски не успеаа да ги реализираат можностите на гостите, а Марковски во 85 минута биеше над голот. Истиот фудбалер и во 91 минута имаше можност по центаршутот на Јовановиќ, но почетниот резулат не се менуваше. Трето последователно реми без голови на пелистерци по мечевите со Шкендија и Работнички. Наредниот викенд следува „вечното дерби„ со Вардар на националната арена „Филип втори„ во Скопје.   

Нема коментара:

Постави коментар