Powered By Blogger

23. 9. 2014.

Христијан Илиоски: „Победувам, но до кога вака„


ПО ПОБЕДАТА ВО ПРИЛЕП, БИТОЛСКИОТ МОТО ШАМПИОН ЈАВНО ПРОГОВОРИ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВА
Битолскиот мото-крос феномен Христијан Илиоски уште еднаш беше брилијантен и победи на трката од источно-европскиот шампионат во Лагово крај Прилеп. Но до кога вака.
Битолчанецот јавно проговори за проблемите и борбата со беспарицата и проблемите со кои се бори за да ја освои источноевропската титула: „За моја среќа најважно е тоа што моторот ми издржа за двете трки иако пред тоа имав многу проблеми со него. Освоеното прво место за мене во Македонија по неколку години одржување на трки од овој шампионат покажува дека во ваков силен шампионат резултатите ми се остварливи. Себеси се сметам дека сум едиствениот кој во догледно време ке ја преставува Македонија во овој спорт победнички. Сеуште верувам дека ќе се поклопат коцките во спортот и конечно Македонија ќе се залага за врвните спортисти како мене. Патеката беше солидна, бараше голема возачка техника, сила и концентрација, но тоа е мојот најголем адут што ме дели од останатите кои располагаат со техника и најважно е тоа што ја имав поткрепата од многубројната публика од Битола, Прилеп и од секаде од Македонија, а јас бев изненаден поради тоа што толку многу луѓе беа дојдени да гледат мотокрос трка. Секоја чест за организацијата во Прилеп и до сите кои се потрудија настанот да се одржи. Ми преостаува трката во Молдавија на 12 октомври, која е многу далеку и која во моментов е во знак прашалник, бидејќи потребни се многу средства и да отпатувам и да го средам веќе дотраениот мотор. До сега можев сам, но за понатаму ставам огромен прашалник. Ваквите резултати заслужуват поткрепа и овој труд се надевам дека ќе го види некој за достојна презентација на Македонија во овој спорт“ заврши разошараниот шампион Илиоски.

Нема коментара:

Постави коментар