РАЗЛИКА ВО КЛАСИ И ЛЕСНА ПОБЕДА НА СТРУМИЧКИ ЗОМИКАК СРЕД БИТОЛА
Пелистер -
Зомимак М 26:31 (12:20)
Пелистер:
Спортска сала
„Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Дим.Георгиевски
и Деј. Георгиевски (Скопје)
Делегат: Благој
Петров (Велес)
Пелистер:
Јовановски (4
одбрани), Нечков, Христов, Георгиевски, Крстевски, Талески, Дрогришки 7,
Рајатовски 4, Тодоровски, Гаревски 1, Илиевски, Вељановски 1, Кузмановски 4,
Димитровски 9
Седмерци: 7/3
Исклучувања: 6
минута
Зомимак:
Б. Трајковски,
Стојановски, Павловски 1, Младеновски 6, Стојановски 1, Милосављевиќ 3,
Трајковски 1, Босеовски 4, Стојановски, Ходор 2, Чантурија 3, Митревски 2, Јанев
1, Везенковски
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 6
минути
Без двајцата
црногорски ракометари на кои му недостига сертификат за настап и пред се без
квалитетен и искусен голман, Пелистер не можеше да му се спротистави на
поквалитетната, поискусна и поподготвена екипа на Зомимак М. Струмичани добро го
отворија мечот и дојдоа до солидна предност од 5:2, 9;4 и постојано дистанцата
растеше. Везенковски разигруваше, Јанев и Чантурија погодуваа до 12:20 на
полувреме. Кога Младеновски со неколку гола предноста ја искачи на +6, гостите
го намалија интензитетот и битолчани главно преку Васко Димитровски успеаа да
стигнат до достоинствен пораз од 26:31. Во победничката екипа Златко
Везенковски постигна 7, па Младеновски беше автор на 6 гола, а Босеовски против
својот матичен клуб постигна 4 гола. Кај пелистерци најефикасен капитенот
Димитровски со 9 гола, а младинскиот репрезентативец Дрогришки постигна 7.
Битолчани бодови ќе бараат во третото коло на гостувањето во Радовиш, каде
очекуваат засилувања од ракометниот пазар.
Нема коментара:
Постави коментар