Powered By Blogger

27. 9. 2014.

Битолчани го бркаат „малерот„ од гостувањата во Штип

ПО ШЕСТ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ МЕЧЕВИ СО ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ, ПЕЛИСТЕРЦИ ПРОДОЛЖЕНИЕ НА СЕРИЈАТА ЌЕ БАРААТ НА ТЕРЕНОТ КАДЕ НАЈЧЕСТО ГУБАТ
Позитивниот момент трае под Тумбе кафе, иако на последните два домашни натпревари резултатот беше оној најнепопуларниот. Екипата шест натпревари меѓу шампионатот и Купот не знае за пораз, а в недела под Исарот ќе брка рушење на уште еден црн рекорд.
Секогаш кога гостувале против Брегалница во последните 5-6 години, зелените заминувале поразени, а минатата година и надиграни со 3:0 и со фудбалери помалку. Тренерот Секуловски најверојатно нема да може да смета на Филип Миленковски, кој заработи мускулна повреда во последната 90 минута од мечот со Шкендија и нема да стигне да се опорави на време. „Брегалница игра многу добро во Штип и оваа и минатите сезони. Секогаш сме имале проблеми кога настапуваме на нивниот терен. Затоа не ни помислуваме да бидеме во улога на фаворити во Штип. Одиме со нашите можности да се надигруваме и да се вратиме во Битола со позитивен резултат. Уморот е во втор план и мислам дека ќе рекуперираме и ќе се подготвиме да бидеме они правите на неделниот натпревар„ вели столбот на одбраната на Пелистер, Менде Степановски. Тимот нема многу да се менува за разлика од Куп дуелот во средата со Работнички. По утрешниот тренинг ќе се знае во каква состојба се неколку ровити или уморни пелистерци од 10 официјални натпревари во два месеци.

Нема коментара:

Постави коментар