Првата половина од
осминафиналниот двомеч помеѓу Пелистер
и Работнички и резултатот без голови
како да ги задоволи двата табори, иако
битолчани жалат што не успеаа да го
реализираат пеналот во 46 минута кој
можеше да го смени текот на натпреварот.
Но Пелистер ја потврди својата дефанзивна
стабилност, откако и против Шкендија и
Работнички не дозволи противникот да
упати ниту еден директен удар кон голот
на Пашовски. Ако капитенот на пелистерци
немаше ниту една интервенција против
тетовчани, Работнички дури во 79 минута
го упати единствениот удар кон битолскиот
гол, кога Силјановски ја погоди стативата
од домашниот гол. Тренерот на битолчани
Марјан Секуловски притисокот го префрла
кон освојувачот на Купот: „Мислам дека
со сите проблеми кои ги имаме и последната
мускулна повреда на Филип Миленковски
не можевме да играме поинаку. Штета за
пеналот, но и вака притисокот е врз
Работнички кој во Скопје мора да победи,
а ние имаме два резултати кои ни
одговараат„ изјави предводникот на
Пелистер, кој веќе од денес го подготвува
мечот со Брегалница. Најверојатно пак
надвор од стројот ќе биде Миленковски,
а нема да игра ниту Марковски. Деновиве
треба да се одморат голем дел од
фудбалерите кои играа скоро на сите 10
официјални натпревари оваа есен.
Одбраната е најстабилниот дел од екипата
и прими само 3 гола во два месеци официјални
мечеви, а од нив само 1 на гостувањата и
тоа длабоко во судиското надополнување
во Кратово. По серијата на тешки гостувања
и лоши резултати под Исарот, Пелистер
в недела против Брегалница се надева
на прекинување на серијата од три
последователни порази на теренот на
Брегалница и без разлика што има 10 бода
повеќе од противникот, не се гледа како
фаворит на оваа средба.
Нема коментара:
Постави коментар