Powered By Blogger

20. 9. 2014.

Два битолски таленти на пробен период во Борусија Дортмунд

СО САМО 11 ГОДИНИ ДВЕ МОМЧИЊА ОД БИТОЛСКИТЕ ПРИВАТНИ ШКОЛИ НА ТЕСТ ВО БОРУСИЈА ДОРТМУНД
Двајца битолски фудбалски надежи, 11 годишните Никола Димитровски и Кристијан Тасески ќе имаат можност повторно да ги покажат своите потенцијали во Германија.
На Димитровски (ФК Талент Битола) и Кристијан Тасевски (ФК ЛГ Битола) преку Горан Зинзировски сопственик на ДФБ А лиценца и соработник на “Talent Förderung Alex Kostovski” на почетокот на април 2014 им беше овозможен тренинг во Борусија Дортмунд У11 и Борусија Менхенгладбах У11. Сега по втор пат ќе имаат тренинг сесии со славната германска екипа, со опции и за останување во клубот и перманентни договори. 

Нема коментара:

Постави коментар