Powered By Blogger

18. 9. 2014.

Илиоски и Костов пак одлични во источноевропскиот шампионат

ПАК БЛИСКУ ДО ПРВОТО МЕСТО И ЗА ДВАЈЦАТА БИТОЛСКИ МОТОКРОС ШАМПИОНИ 
По одржувањето трката на патеката кај градот Тројан (Бугарија), двајцата битолски мотокросисти  Христијан Илиоски и Борче Костов само ги потврдија своите пласмани во конкуренција на најдобрите возачи од источна Европа.
Христијан Илиоски на двете трки беше четвртопласиран, а Костов беше на седмата позиција. По оваа трка Илиовски останува на втората позиција во категоријата МХ1, а Костов на третата. Претстојниот викенд во Прилеп ќе се одржи првата трка на новата патека која ќе се бодува за источноевропското првенство, а на неа ќе настапат двајцата битолчани, а ќе има и уште возачи од Битола кои ќе возат за македонскиот шампионат. Костов се надева на пласман меѓу првите пет, а настапот на Кико е неизвесен поради проблемите со моторот. Христијан Станковиќ од Мото-старс во МХ2 е прв од двете конкуренции, а со ист пласман во МХ1 е Симончо Николовски.

Нема коментара:

Постави коментар