Powered By Blogger

18. 9. 2014.

Пелистер еден месец без тренерот Секуловски

ФФМ ГИ ИЗРЕЧЕ КАЗНИТЕ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ ФУДБАЛЕРИ И ТРЕНЕРИ ЗА МИНАТИТЕ ДВЕ КОЛА
Дисциплинската комисија го суспендира тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски со еден месец поради исклучувањето на кормиларот пред крајот на мечот со Силекс во Кратово (1:1), кога тренерот на битолчани поради навреди кон помошникот беше отстранет во 89 минута.
Секуловски ја доживеа судбината на вардаровиот помошник Александар Васоски, кој за слично исклучување беше исто така суспендиран еден месец. Пелистер поради штрајкот за нерешените свои проблеми со управувачката структура и доцнењето на стартот против Работнички доби само опомена од ФФМ.

Нема коментара:

Постави коментар