ДВАЈЦАТА БИТОЛЧАНИ СО ИЗМЕШАНИ ЧУВСТВА ПО КРАТОВСКОТО ПОЛЕМИЧНО РЕМИ
Горчина по загубените два бода и посебно заради начинот на
кој Силекс кој заобиколи фер-плејот на мечот со Пелистер е и натаму главна тема
ден по мечот.
Двајцата тренери ја потврдија тезата дека Силекс среќно и некоректно дојде до реми.
Двајцата тренери ја потврдија тезата дека Силекс среќно и некоректно дојде до реми.
Зоран Штерјовски
(тренер на ФК Силекс)
Игравме против тим кој беше организиран и одлично поставен
во одбраната. Примивме несреќен гол по голема грешка на одбраната по што во
вториот дел ја згуснавме средината, но не успеавме да функционираме најдобро во
нападот. Признавам дека среќно извлековме бод на овој меч, но игравме против
најцврстиот противник во првите шест кола“
Марјан Секуловски
(тренер на ФК Пелистер)
Сакам да им честитам на моите играчи за сето она што го
прикажаа на теренот. Голот го примивме по нефер потег на домашниот тим кога
топката од аут не ни беше вратена нам туку тргна акција по која домаќините
израмнија. Судењето не сакам да го коментирам за да не кажам некој потежок
збор“
Нема коментара:
Постави коментар