ПЕЛИСТЕР СО ПОРАЗ ВО РЕСЕН ЈА ПОЧНА НОВАТА ВИП СУПЕР ЛИГА
Преспа - Пелистер
24:23 (9:11)
Пелистер:
Нечков, Јовановски,
Крстевски, Димитровски, Ивановски, Дрогришки, Кузмановски, Рајатовски,
Талевски, Вељановски, Гаревски
Новата ВИП
Суперлига започна со пораз за ракометарите на Пелистер на гостувањето во Ресен
против младата екипа на Преспа. Во невообичаен натпревар, во кој ниту една
екипа не се оддели во резултатот, ресенчани имаа повеќе енергија и среќа и на
крајот славеа. Со оглед на тоа што битолчани со само еден интерен контролен
натптревар го дочекаа стартот на шампионатот, не можеше да се очекува чудо. Момците
на Николовски се надминаа себе си и играјќи со само 10 ракометари и практично
без ниту една замена долго време водеа. Дрогришки и капитенот Васко Димитровски
играа одлично во првиот дел, па Филип Кузмановски им се придружи во
продолжението и во 48 минута пелистерци имаа 12:17. Но следеше голем физички
пад и без замени од клупата и одбрани на голманите, битолчани не можеа до
подвиг. Младиот Христијан Талевски, кој е член на младинската екипа на клубот,
одлично се снајде во сениорскиот тим. Наредната недела се очекува да пристигнат
сертификатите за двата црногорските ракометари и тие и уште едно најавено
засилување на позиција на десен бек да му се стават на располагање на стручниот
штаб за мечот со Зомимак М наредната сабота во спортската сала „Младост„ во
Битола.
Нема коментара:
Постави коментар