ОТКАКО ДЕБИТИРАШЕ ВО КУПОТ НА РОМАНИЈА, ДРАГАРСКИ ГИ ОДИГРА ПРВИТЕ МИНУТИ ЗА НОВИОТ КЛУБ И ВО ШАМПИОНАТОТ
Бившиот фудбалер
на Пелистер, Христијан Драгарски ги одигра првите минути за екипата на
Конкордија во романскиот шампионат и неговиот тим успеа да забележи победа во
гости. Конкордија однесе цел плен од гостувањето кај Јаши со 1:2 со головите на
Пена и Велингтон во првото полувреме.Битолчанецот влезе во игра на почетокот на вториот дел на местото на Алвес и придонесе во втората победа на Конкордија во романската лига. Денес Мирко Ивановски е најавен во дуелот на градските ривали Клуж и Универзитатеа Клуж.
Нема коментара:
Постави коментар