Powered By Blogger

28. 5. 2015.

Николче Митревски пред потпис со Бенфика?

УШТЕ ЕДЕН НАШ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО. ОВОЈ ПАТ МИТРЕВСКИ ПРЕД ПРВИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ПРЕДИЗВИК
Битолчанецот Николче Митревски е блиску до потпис со португалска Бенфика и повеќе од веројатно е дека од следната сезона првпат ќе игра во странств.

Со пораз во Штип, Пелистер се збогува од Првата лига

ОЧЕКУВАН ПОРАЗ НА ПОДМЛАДЕНИОТ ПЕЛИСТЕР ВО ПОСЛЕДНОТО КОЛО ОД СЕЗОНАТА ВО ШТИП
Брегалница - Пелистер 2:0 (0:0)

Како почна, така и заврши оваа негативна пролет за фудбалерите на Пелистер. На почетокот од март пораз од Брегалница во Битола со 0:1, сега во Штип со 2:0. 

Друловиќ повика четворица битолчани за мечот во Словачка

ДРУЛОВИЌ ГО ВРАТИ ИВАНОВСКИ, ЗА ПРВ ПАТ ГО ПОВИКА ГАЧЕВСКИ И УШТЕ ДВАЈЦА ДЕБИТАНТИ ЗА МЕЧОТ ВО ЖИЛИНА 

Леонард Жута, голманите Столе Димитриевски и Филип Гачевски се дебитантите кои ги избра новиот селектор Љубинко Друловиќ за квалификациониот натпревар со Словачка, кој ќе се игра во Жилина на 14 јуни. На списокот се наоѓаат четворица битолчани, стандардните Пашовски, Спировски и Мирко Ивановски и дебитантот Филип Гачевски.

25. 5. 2015.

Брдаровски го напушти унгарскиот Ѓер

БИТОЛЧАНЕЦОТ ЗАМИНА ОД УНГАРИЈА ПО САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ
Битолчанецот Владица Брдаровски го напушти унгарскиот Ѓер на истекот од договорот. Тој имаше краток договор со унгарските зелено-бели, па сега ќе мора да побара нова средина.

24. 5. 2015.

Љамчевски и Михајлов задоволни: „Мечот беше спот за македонскиот фудбал„

ТРЕНЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР И ТЕТЕКС ПРЕЗАДОВОЛНИ ОД КВАЛИТЕТОТ НА МЕЧОТ И ЗАЛАГАЊЕТО ВО ПРИЛЕП
Во можеби најубавиот натпревар на Пелистер оваа пролет, младиот состав воден од Наум Љамчевски одигра борбено, дури и премногу зрело за младоста против исто така жилавиот и млад Тетекс. Мечот во Прилеп беше вистински спот за македонскиот фудбал, а со тоа и однесувањето на актерите. Веројатно тоа што не беа оптоварени од резултатот двете екипи одиграа одлично.

Прекрасен меч, четири гола и реми во Прилеп меѓу Пелистер и Тетекс

ПОДМЛАДЕНИ ЕКИПИ, МНОГУ БОРБА И ВИТЕШТВО И РЕМИ ВО ПРИЛЕП МЕЃУ ПЕЛИСТЕР И ТЕТЕКС
Прва фудбалска лига - 32 коло
Пелистер - Тетекс 2:2 (1:0)

Градски стадион „Гоце Делчев„ - Прилеп. Гледачи: 100
Главен судија: Константин Влахо
Асистенти: Игор Ширилов и Дејан Димитриевиќ (сите од Скопје)
Делегат: Ајетали Дервиши (Тетово)
Стрелци: Сулемани во 45 и Љамчевски во 56 минута за Пелистер, а Христов во 55 и Атанасковски во 62 минута за Тетекс
Жолти картони: Мустафов (Пелистер), Атанасковски (Тетекс)
Црвени картони: нема

22. 5. 2015.

Тоскоски и Митевски со трофеи заработија нови договори со Аполдер

УСПЕСИ И НОВИ ДОГОВОРИ ЗА БИВШИТЕ ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ГЕРМАНИЈА
И втората сезона во Германија во третолигашот Аполдер е успешна за македонските ракометари Игор Тоскоски и Васко Митевски. Тие го освоија шампионатот и Купот во областа Турингер и со тоа клубот од наредната година ќе се натпреварува во Мител Оберлигата.

Пивковски и Мустафов на списокот на Милевски за Исланд

БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СПИСОКОТ НА СЕЛЕКТОРОТ НА МЛАДИНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА МЕЧОТ НА ИСЛАНД

Селекторот на младата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски со сите расположливи сили ќе тргне на стартот на квалификациите за европското младинско првенство во 2017 на гостувањето во Исланд, откако денес го објави списокот за претстојниот меч. На списокот се наоѓаат и двајца битолчани Мустафов и Пивковски.

21. 5. 2015.

ХЈС Работник доведе засилувања за следната сезона

БИТОЛСКИ ХЈС РАБОТНИК СО ДВАЈЦА НОВАЈЛИИ ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА
Амбициозниот битолскиот член на Првата лига, ХЈС Работник доведе две засилувања за следната сезона која ќе биде втора на клубот во професионалниот ракомет. Клубот кој го основаа и водат бившите репрезентативци Александар Зарков и Иван Марковски, денес потпиша договори со двајца ракометари кои доаѓаат од Ресен од екипата на Преспа.

Ференцварош ја спречи двојната круна на Видеотон и Ивановски

БИТОЛЧАНЕЦОТ НЕ НАСТАПИ, А ВИДЕОТОН ГО ЗАГУБИ ФИНАЛЕТО НА КУПОТ ОД ФЕРЕНЦВАРОШ
Мирко Ивановски не успеа да ја освои двојната круна во унгарскиот фудбал, бидејќи неговиот Видеотон кој супер убедливо го освои првенството, во финалето во Будимпешта загуби од второ пласираниот Ференцварош со 0:4.

20. 5. 2015.

Алтипармаковски му го донесе четвртиот Куп трофеј на Работнички

ПО ЧЕТВРТ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА, РАБОТНИЧКИ ГО ОСВОИ КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА, ПАК БЛАГОДАРЕНИЕ НА БИТОЛЧАНЕЦ
Скопски Работнички повторно се радува на трофејот од Купот на Македонија, романтичарите со 2:1 славеа против Тетекс во финалниот натпревар одигран на „Aрената Филип Втори„. Мечот помина во тактичка игра и од двете страни, но со одлични голови и неколку убави шанси пред се на страната на Работнички.

Томче Петрески освои двојна круна со Беса Фамилија

МАКЕДОНСКИОТ ТРЕНЕР ПЕТРЕСКИ ОСВОИ ДВА ТРОФЕИ СО БЕСА ФАМИЛИЈА ВО КОСОВСКА ЛИГА
За две недели завршува сезоната во Косово, а македонскиот стручњак Томче Петрески со успех ја завршува првата сезона во Беса Фамилија. На убедлив начин ја освои косовската лига, бидејќи има 13 бода повеќе од второпласираната Приштина на две кола до крајот.

19. 5. 2015.

Минаа 13 години од единственото македонскo финале на еден европски Куп: Некогаш европски, а сега мизерен Пелистер

НЕКОГАШ СТРАВ И ТРЕПЕТ, ДЕНЕС ЕДВАЈ ПОСТОИ. МИНАА 13 ГОДИНИ ОД ЕДИНСТВЕНОТО МАКЕДОНСКО МАШКО КУП ФИНАЛЕ 
Битолски Пелистер доживува тешки денови и наредната година нема да игра во европските купови, само втор пат во својата историја во македонскиот ракомет. Но точно пред 13 години, Пелистер е единствената машка екипа од нашата земја која играла финале на еден европски Куп.

Наум Љамчевски ќе го води Пелистер во крајот на сезоната

ПЕЛИСТЕР ГО НАЗНАЧИ ТРЕНЕРОТ НА МЛАДИНСКАТА ЕКИПА КАКО РЕШЕНИЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ КОЛА
По заминувањето од клупата на Пелистер на Ѓоко Хаџиевски, неколку дена по математичкото испаѓање на битолскиот клуб во Втората лига, од денес тренер на екипата во последните две кола од сезоната е назначен тренерот на младинската екипа, Наум Љамчевски. Тој ќе ги води зелените на преостанатите два натпревари со Тетекс во Прилеп и со Брегалница во Штип.

Пелистер го нападна Хаџиевски: „И се извинуваме на навивачите што го избравме Хаџиевски за тренер„

БИТОЛСКИОТ КЛУБ МУ ОДГОВОРИ НА ЃОКО ХАЏИЕВСКИ ЗА ОБВИНУВАЊАТА ВО МЕДИУМИТЕ ВО ТЕКОТ НА ВЧЕРАШНИОТ ДЕН
Откако вчера оставка од тренерското место на Пелистер поднесе Ѓоко Хаџиевски и ѝ се обрати на јавноста потенцирајќи ги проблемите поради кои битолчани испаднаа во Втората лига, денес со соопштение врати управата на клубот.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

17. 5. 2015.

ВИДЕО: Ивановски со гол се загрева за финалето на Купот

ПО ГОЛОВИТЕ ВО КУПОТ, БИТОЛЧАНЕЦОТ ИВАНОВСКИ СТРЕЛЕЦ И ВО УНГАРСКИОТ ШАМПИОНАТ 
Две недели откако и математички ја освоија титулата во унгарското првенство, фудбалерите на Видеотон се подготвуваат за финалето на Купот со Ференцварош в среда во Будимпешта. Македонскиот репрезентативец Мирко Ивановски беше стрелец во ремито на неговата екипа на гостувањето кај Хонвед.

Мајнц го испрати Новески во легендите, битолчанецот не ги сoкри солзите

ГЛАМУРОЗНО ЗАВРШУВАЊЕ НА КАРИЕРАТА НА БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ НАСТАПУВА ВО МАЈНЦ 05, НИКОЛЧЕ НОВЕСКИ
Македонскиот фудбалер, битолчанецот Николче Новески со победа и солзи во очите се прости од Мајнц. На последниот меч на домашен терен оваа сезона Мајнц славеше со 2:0 над Келн, а навивачите го испратија нашиот дефанзивец како вистинска легенда.

16. 5. 2015.

Турново го испрати Пелистер во Втората лига по трет пат во својата историја

ЧЕТВРТ ПАТ ОВАА СЕЗОНА ПОБЕДУВА ГОСТИНОТ КОГА ИГРААТ ПЕЛИСТЕР И ТУРНОВО, СО ШТО ПЕЛИСТЕР И МАТЕМАТИЧКИ ИСПАЃА ОД ЛИГАТА
Прва фудбалска лига - 31 коло
Пелистер - Турново 0:2 (0:2)

Градски стадион „Гоце Делчев„ - Прилеп. Без присуство на гледачи
Главен судија: Димитар Мечкаровски (Скопје)
Асистенти: Дејан Неделковски и Гоце Петревски (сите од Скопје)
Делегат: Боби Стевковски (Скопје)
Стрелци: Ташев во 18 и Марков во 34 минута за Турново
Жолти картони: Петрески (Пелистер), Џинов, Марков, Стоилов (Турново)
Црвени картони: нема 

15. 5. 2015.

Металург ги декласира пелистерки, кои не можеа да парираат само со Мурговска

ПОРАЗ ОД 23 РАЗЛИКА ЗА РАКОМЕТАРКИТЕ НА БОРЧЕ МАРКОВСКИ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО ОД КУПОТ ВО СКОПЈЕ
Куп на Македонија - полуфинале
ЖРК Металург - ЖРК Пелистер 44:19 (22:11)

Ракометарките на ЖРК Пелистер се елиминирани во полуфиналето на Купот на Македонија. Уште пред почетокот на натпреварот фаворитот беше познат, а не сменија ништо ниту 60 минути на теренот. ЖРК Металург рутински ја одработи својата задача, декласирајќи го Пелистер со 44:19 (22:11)  во првото полуфинале во Купот на Македонија.

12. 5. 2015.

Кико доби нов мотор и веќе се навикнува на него

БИТОЛСКИОТ МОТОКРОС ФЕНОМЕН, КИКО ИЛИОСКИ КОНЕЧНО ИМА ПРОСТОР ЗА НАСМЕВКА И ЗАДОВОЛСТВО
Македонскиот мотокрос возач Христијан Илиоски се закити со првата победа во првата „ендуро“ трка на која што настапи во Источно-европското првенство, а која минатиот викенд се одржа во Костур, Грција. Тој откако доби нов мотор, веднаш одговори со најдобар резултат и значајни бодови во борбата за титулата.

11. 5. 2015.

Бајрамовска шампион на Словенија со Крим

НОВА ТИТУЛА ЗА ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ РАКОМЕТАРКИ, МИРЈЕТА БАЈРАМОВСКА. ОВОЈ ОАТ СЛАВИ ВО СЛОВЕНИЈА 
Битолчанката Мирјета Бајрамоска со екипата на Крим ја освои шампионската титула во словенечкото првенство. Во решавачкиот натпревар за математичка потврда на првото место, Крим славеше против екипата на Загорје со 26:23.

10. 5. 2015.

Кобен пораз за пелистерци, опстанокот се подалечен

ТРЕТ ПОРАЗ ОД ПО 1:0 НА ПЕЛИСТЕРЦИ ОД БРЕГАЛНИЦА ОВАА ЕСЕН
Прва фудбалска лига - 30 коло
Пелистер - Брегалница 0:1 (0:1)

Стадион „Гоце Делчев„ - Прилеп. Гледачи: 500
Главен судија: Горан Спиркоски
Асистенти: Илчо Јорданоски и Марјан Смилкоски (сите од Прилеп)
Делегат: Драган Блажовски (Скопје)
Стрелец: Ступиќ во 44 минута
Жолти картони: Петрески (Пелистер), Ѓорески, Митрев, Ристовски, Тонев (Брегалница)
Црвени картони: нема

8. 5. 2015.

Мурговска го доближи ЖРК Пелистер до враќање во Европа

СО ПОБЕДАТА ПРОТИВ ЃОРЧЕ, РАКОМЕТАРКИТЕ НА ПЕЛИСТЕР СЕ ЗАЦВРСТИЈА НА ЧЕТВРТОТО МЕСТО И „ТРОПААТ НА ВРАТАТА„ НА ЕВРОПА
ЖРК Пелистер - ЖРК Ѓорче 23:21 (11:13)

Голем чекор кон четвртото место и излез во Европа за ракометарките на Пелистер. Битолчанки славеа во дербито против ЖРК Ѓорче со 23:21 (11:13) во Супер лигата. Избраничките на Владимир Радиќ одиграа одлично прво полувреме каде имаа целосна контрола на резултатот.

Станојковиќ повика двајца битолчани за двомечот со Чешка

СТАНОЈКОВИЌ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ ЗА ДВОМЕЧОТ СО ЧЕШКА И НА НЕГО СЕ НАОЃАА ДВА БИТОЛСКИ ТАЛЕНТИ
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години Вујадин Станојковиќ го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните два контролни натпревари против Чешка. Повикани се двајца битолчани, најдобриот стрелец во лигата на постари пионери Боба Здравевски од Пелистер и Кристијан  Трапановски, кој настапува за Академија Пандев.

7. 5. 2015.

Битолчани воодушевени од видео-презентацијата на Здравко Дејановиќ

МАКЕДОНСКИОТ АЛПИНИСТ ЗДРАВКО ДЕЈАНОВИЌ, ДЕНОВИВЕ ГОСТИН НА ПСГ „ПЕЛИСТЕР„
Македонскиот алпинист кој неодамна ја освои Анапурна, Здравко Дејановиќ деновиве е гостин во Битола на предавање како дел од манифестациите кои му претходат на традиционалниот Пелистерски марш - Димитар Илиевски Мурато, кој го организира ПСК „Пелистер„.

6. 5. 2015.

Огромен чекор кон опстанокот, Пелистер во вториот дел го совлада Тетекс

ТРЕТ ПАТ ОВАА СЕЗОНА, ПЕЛИСТЕР ГО СОВЛАДА ТЕТЕКС И СОНОТ ЗА ОПСТАНОК СЕГА СТАНУВА РЕАЛНОСТ
Прва фудбалска лига - 29 коло

Тетекс - Пелистер 0:2 (0:0)

Стадион „Борис Трајковски„ - Скопје. Гледачи: 400
Главен судија: Петар Мантев (Неготино)
Асистенти: Илија Гонев и Горан Димитров (Кавадарци)
Делегат: Зоран Недев (Неготино)
Стрелци: Петрески во 52 и Станојевиќ во 57 минута за Пелистер
Жолти картони: нема
Црвени картони: нема

3. 5. 2015.

Мирко Ивановски првак на Унгарија со Видеотон

ВТОРА ТИТУЛА НАЦИОНАЛЕН ПРВАК ВО КАРИЕРАТА ЗА БИТОЛЧАНЕЦОТ МИРКО ИВАНОВСКИ
На четири кола до крајот на унгарското фудбалско првенство, Мирко Ивановски и неговиот Видеотон и математички се шампиони на својата земја. По вчерашната победа на гостувањето кај Дебрецин со 1:2 и само ремито на второпласираниот Ференцварош на гости кај Печи, предноста скокна на огромни и недостижни 13 бода, што јасно покажува за супериорноста на Видеотон.

Тодоровски ги одржува надежите за опстанок

ГОЛЕМА ПОБЕДА И ОСВЕЖЕНИ ШАНСИТЕ ЗА ОПСТАНОК ВО ЛИГАТА ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ НА „КУКУШ„ ВО ТУРНОВО
Прва фудбалска лига - 28 коло


Турново - Пелистер 0:1 (0:0)

Стадион „Кукуш„ - Турново. Гледачи: 200
Главен судија: Александар Ставрев
Асистенти: Марјан Кировски и Дејан Костадинов (сите од Скопје)
Делегат: Горан Михајловски (Скопје)
Стрелец: Тодоровски во 55 минута од пенал за Пелистер
Жолти картони: Милушев, Мавров, Ѓорѓиев, Џинов (Турново)
Црвени картони: Чешмиџиев во 65 минута за Пелистер

1. 5. 2015.

Секуловски пишува историја во Мјанмар

МАКЕДОНСКИОТ СТРУЧЊАК ГО ВНЕСЕ СВОЈОТ КЛУБ ВО НОКАУТ ФАЗАТА ОД АФЦ КУПОТ
Ајејавади јанајтед од Мјанмар предводен од битолскиот тренер Марјан Секуловски за прв пат во својата историја успеа да ја мине групната фаза од АФЦ Купот, откако славеше со 4:3 против Лао Тојота.