Powered By Blogger

31. 3. 2013.

Пелистер се враќа со бод, кога веќе в џеб имаше три во Турново

ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ГОСТИНСКИ ПАРТИИ НА ПЕЛИСТЕР ОВАА СЕЗОНА И РЕМИ КАЈ ВТОРОПЛАСИРАНИОТ ХОРИЗОНТ ТУРНОВО
Прва фудбалска лига - 22 - коло

Хоризонт Турново - Пелистер 2:2 (0:1)

Во ретко драматичен и за македонски услови квалитетен натпревар, фудбалерите на Пелистер успеаа да извлечат бод од гостувањето на „Кукуш„ во Турново, иако имаа реални опции дури и за цел плен.

Блесок на младите „бисери„ на Пелистер за младинските селекции

Четворица ракометари на Пелистер со извонреден учинок за младинските репрезентации за Македонија
Одлични перформанси на младите ракометари на Пелистер со кадетската и младинската репрезентација на Македонија, која се наоѓа на меѓународен турнир во БиХ. На натпреварувањето по групи учествуваа селекции на Македонија, Црна Гора, Србија, Словачка, Катар, Словенија, Хрватска, Б и Х во кадетска конкуренција.

29. 3. 2013.

Пелистерци подготвени за Суперлигата

На неколку недели до стартот на ракометната Суперлига „заспаниот гигант„ Пелистер ќе се обиде да се врати во ракометна Европа по едногодишна пауза. Познат е и ростерот со кој ќе се обиде тоа да го направи.
РК Пелистер 08 - Битола

Формиран: 1955 година (1946 година формиран како РК Пелагонија - прв ракометен клуб во Македонија)
Настапува во спортска сала „Младост„ - Битола. Капацитет: 5.000 гледачи
Боја на дресови: зелено бела (до 2000 година сино-бела)

Пелистер преку Дојран „кова„ изненадување на „Кукуш„

УШТЕ УТРЕ ПЕЛИСТЕРЦИ ЗАМИНУВААТ ВО КАРАНТИН КАДЕ ВО МИР ПОДГОТВУВААТ ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ТУРНОВО            
Двонеделаната пауза во шампионатот добро им дојде на пелистерци. Направија мал скок на табелата, но голем околу самодовербата и притисокот кој до мечот со Силекс го чувствуваа. Затоа гостувањето кај Хоризонт Турново за избраниците на Гордан Здравков е бонус и може да донесе многу во случај на бод или три.

23. 3. 2013.

Промовирана книгата „Најдобри меѓу најдобрите„

Битолскиот спортски новинар и писател Димче Миновски ја официјализираше својата најнова книга посветена на спортот
Минатата недела во Битола беше промовирана најновата книга на доајенот на битолското спортско новинарство Димче Миновски, насловена како “Најдобри меѓу најдобрите“ Книгата е хронолошко навраќање на битолскиот спорт и изборите на најдобрите спортисти на Битола од 1964 година кога е воспоставен овој избор, кој го организира Сојузот на спортови на Битола.

Подвиг за опстанок на кошаркарите на Пелистер

Среде Скопје поразен е големиот ривал и КК Пелистер ита кон уште една сезона во Првата лига
Вардар - Пелистер 69:74 (21:16, 16:21, 12:19, 20:19)

Кошаркарите на Пелистер на фантастичен начин ја почнаа борбата за опстанок во плеј-аутот. По повеќе од две сезони забележаа победа во гости и тоа против директниот конкурент Вардар во Скопје. Најзаслужен за победата беше србинот Калањ со 32 поени, но играта во одбрана и тимскиот дух исто така ја направија разликата.

19. 3. 2013.

Хусеин ја превзема Дрита

ИСКУСНИОТ БИТОЛСКИ ТРЕНЕР ДОБИ НОВ АНГАЖМАН ВО КЛУБОТ КОЈ Е ДИРЕКТЕН КОНКУРЕНТ НА ПЕЛИСТЕР ВО БОРБА ЗА ОПСТАНОК ВО ЛИГАТА
Раководството на десетто пласираната екипа на табелата Дрита успеа да доведе нов стратег на кормилото на екипата, тоа ќе биде Неџат Хусеин, кој ќе го наследи разрешениот Ане Андовски. Популарниот Џате ќе го води составот од Боговиње до крајот на сезоната, со мисија да се сочува прволигашкиот статус на овој тим.

18. 3. 2013.

Бодовите со Силекс вредат, но остануваат и грешките и проблемите

ПРВ ПАТ ОВАА ПРОЛЕТ БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР СЛАВИ ПОБЕДА И ТОА НЕВЕРОЈАТНО ВАЖНА ВО ДИРЕКТЕН ДУЕЛ ЗА ОПСТАНОК
Ако има некој витален натпревар кој вреди не три туку шест бода, тоа сигурно беше неделниот меч со Силекс. Многу потешко од предвиденото, со подобро второ од прво полувреме, екипата на Гордан Здравков ја забележа првата победа под новиот тренер.

17. 3. 2013.

Боро Чурлевски тренер во Либија

МЛАДИОТ БИТОЛСКИ ТРЕНЕР, НЕКОГАШЕН НЕПОВТОРНИВ РАКОМЕТЕН АС БОРО ЧУРЛЕВСКИ ПРОНАЈДЕ КЛУБ  ВО ЛИБИЈА
Еден од најдобрите македонски ракометари на сите времиња битолчанецот Боро Чурлевски повторно му се враќа на тренерскиот занает. Од пред неколку дена Чурлевски се наоѓа во либискиот клуб Ал Џазира каде е главен тренер и менаџер, задолжен за сите категории во клубот.

Ветераните го „препородија„ Пелистер

РУТЕВСКИ И ДИМИТРОВСКИ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ГО „ИЗВАДИЈА ОД КАЛ„ ПЕЛИСТЕР ВО ДЕРБИТО ЗА ОПСТАНОК СО СИЛЕКС
Прва фудбалска лига - 21 - коло

Пелистер - Силекс 2:1 (0:1)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 300
Главен судија: Никола Костенчев
Асистенти: Игор Ширилов и Дејан Неделковски (сите од Скопје)
Делегат: Миле Андоноски (Прилеп)
Стрелци: Рутевски во 71 и Димитровски во 82 за Пелистер, а Ѓорѓиев во 10 минута за Силекс
Жолти картони: Китановски, А. Вељановски, Димитровски (Пелистер)
Црвени картони: нема

Нов рекордно убедлив пораз на младите битолски девојки

91 поен разлика во полза на Кросиг во рамките на 10 коло од женската кошаркарска лига
Кросиг - Пелистер 105:44 (26:10, 31:13, 26:8, 22:13)

 Кошаркарките на Пелистер претрпеа тежок пораз на гостувањето кај Кросиг, екипа која е една од најквалитетната во нашата женска лига. Од самиот почеток предноста на домашната екипа растеше и на моменти стигна до 90,95 разлика што е во сферата на рекордите.

15. 3. 2013.

Тоскоски и Ангелевски го „воскреснаа„ Пелистер

ВО НАЈДОБРИОТ МЕЧ ВО СЕЗОНАТА, РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ГО СОВЛАДАА ЗОМИМАК ОД СТРУМИЦА
Пелистер - Зомимак 28:24 (14:13)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 800
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски (Скопје)
Делегат: Камер Металари (Скопје)

14. 3. 2013.

Марковски ветува победа против „своите„

БИВШИОТ ГОЛГЕТЕР НА СИЛЕКС, НЕ ОСТАВА СОМНЕЖ ОКОЛУ ТОА КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ ВО НЕДЕЛНИОТ МЕЧ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Ако некој од фудбалерите на Пелистер добро го познава неделниот противник, тоа сигурно е напаѓачот Благојче Марковски, кој неколку години настапуваше за Силекс и постигна серија на голови за црвено-сините. Токму тој в недела ќе го предводи нападот на пелистерци и е непоправлив оптимист кога се работи за оваа средба.

13. 3. 2013.

В недела Пелистер нема да биде оној од Кратово

ДАЛИ ПЕЛИСТЕРЦИ ЈА НАУЧИЛЕ ЛЕКЦИЈАТА И ПРОТИВ СИЛЕКС ЌЕ ГО ЗАБОРАВАТ ПОСЛЕДНОТО СООЧУВАЊЕ ВО КРАТОВО
Во фудбалска Битола во мир спокојство се подготвува вториот директен дуел за опстанок во пролетниот дел од шампионатот, в недела со Силекс под Тумбе кафе. По ремито во Боговиње избраниицте на Гордан Здравков го почитуваат противникот, имаат доволено видео материјал и да го анализираат, а шефот на струката на битолчани имаше можност и во живо да го следи кратовскиот тим.

Пелистер навива за македонско финале

ЗА ДА ДОБИЕ ШАНСА ЗА НАСТАП ВО СЕХА-ЛИГАТА, БИТОЛСКИОТ КЛУБ ОЧЕКУВА ДОМИНАЦИЈА НА МАК-РАКОМЕТОТ
Битолски Пелистер не се откажува од намерата да се врати на старите патеки, а еден од начините да се врати публиката во салите, спонзорите во клубот и повторно да проработи расадникот на таленти, е тимот да заигра во машката регионалната ракометна СЕХА-лига. Засега тоа е тешко остварливо, но има шанса.

12. 3. 2013.

Операција Силекс на сцена под Тумбе кафе

ПО ДВАТА НЕРЕШЕНИ РЕЗУЛТАТИ, ВИ БИТОЛА РАЗМИСЛУВААТ САМО НА ПОБЕДА В НЕДЕЛА ПРОТИВ СИЛЕКС
И денешната тренинг сесија на фудбалерите на Пелистер беше насочена кон наредниот предизвик и гостувањето на Силекс под Тумбе кафе. Од исходот на овој натпревар ќе се знае со каква залиха и од која позиција Пелистер ќе тргне во последните 11 кола од првенството. Пожолтените Димче Ристевски и Тони Вељановски, кои нема да играат со кратовци значително им ја отежнија работата на луѓето од стручниот штаб, кои сега бараат резервна варијанта за пополнување на испразнетите места во стартниот тим.

11. 3. 2013.

Тешка победа за Пелистер против жилавиот Тинекс Пролет

Многу потешко од пред една недела во Свети Николе, Пелистер прокнижи три бода дома против Тинекс Пролет
 Пелистер - Тинекс Пролет 30:28 (15:15)

И во вториот натпревар во ВИП Супер лигата ракометарите на Пелистер забележаа победа. Потешко од предвиденото во Битола падна Тинекс Пролет и со овие бодови избраниците на Кире Поповски се доближија на само три бода до скопската екипа, но нема да можат да ја минат, бидејќи преостанува само уште едно коло пред стартот на Супер шест лигата, во која ќе се приклучат и Металург и Вардар Про.

Бодот од Боговиње солиден, со Силекс Пелистер мора да победи

ВО БИТОЛСКИОТ ТАБОР СЕ АНАЛИЗИРААТ ПРВИТЕ ДВА НАТПРЕВАРИ И ВНИМАНИЕТО СЕ НАСОЧУВА КОН ДЕРБИТО НА ДНОТО СО СИЛЕКС В НЕДЕЛА
Со ремито во Боговиње против Дрита, фудбалерите на Пелистер не направија голем исчекор на табелата, колку што го зајакнаа својот морал во сопствените можности откако на четири врзани натпревари се без пораз со 6 од можните 12 бодови. Со чувство и на жал што против Дрита избраниците на Здравков не ги искористија своите шанси за освојување на останатите два бода, зелените се подготвуваат за мечот со Силекс каде императивот за победа е кај битолчани

Реми во изедначен меч во Боговиње

По само 1 освоен бод во цела фудбалска есен, бодот освоен во Боговиње се смета за успех
Прва фудбалска лига - 20 - коло

Дрита - Пелистер 1:1 (1:1)

Од тешкото гостување на Пелистер во Боговиње против екипата на Дрита пелистерци се враќаат со еден бод, по нерешениот натпревар во кој двете екипи постигнаа по еден гол, а натперавот беше одлучен само во две минути. Во 10 минута Дрита поведе со 1:0 со голот на Јонузи, а само по една минута Ристевски изедначи на 1:1.

9. 3. 2013.

Пораз и место во плеј-аутот за КК Пелистер

Неславно заврши регуларниот дел од сезоната за кошаркарите на Пелистер. Следува плеј-аутот и борбата да не се испадне
Пелистер - Лирија 68:82 (14:18, 23:24, 10:14, 21:26)

Кошаркарите на Пелистер заедно со Струмица, Вардар и младинската репрезентација на Македонија ќе се борат за опстанок во плеј-аутот на Првата лига, откако заврши регуларниот дел од сезоната.

8. 3. 2013.

Дрита вистински тест на вредностите на новиот Пелистер

ПО БОДОТ СО ЛИДЕРОТ, ПЕЛИСТЕР ИМА ДИРЕКТЕН ДУЕЛ ЗА ОПСТАНОК ВО БОГОВИЊЕ
Ако првопласираната екипа на табелата Вардар и ремито во средата не се најсоодветниот тест за вредностите на овој Пелистер, в недела доаѓа гостувањето кај новиот прволигаш и директниот конкурент Дрита. Еден од таканаречените мечеви кои вредат 6 бода и во кој пелистерци ќе се обидат да ги поправат оние 1:1 минатата есен.

7. 3. 2013.

Пелистер со подигнат морал се подготвува на Дрита

РЕМИТО ВО ВЕЧНАТА ПРЕСМЕТКА ПОВЕЌЕ МУ ГОДИ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ОДКОЛКУ НА ВАРДАРЦИ
Нерешениот резултат во „вечното дерби„ само го засили моралот и вербата на битолските фудбалери во своите можности пред вториот дел од шампионатот. Иако дуелот во Битола во средата е за заборав, сепак зелените имаа што да извлечат од тие 90 минути. Имено пелистерци во слични натпревари од Купот знаеа да загубат заради некој мал детал, а сега дојдоа до реми, дури и без многу напор против фаворизраниот лидер.

6. 3. 2013.

Претпазливо реми на „вечното дерби„

СПЕКТАКЛ НА ТРИБИНИТЕ, СКРОМЕН ФУДБАЛ НА ТРЕВНИКОТ
Прва фудбалска лига - 19 - коло

Пелистер - Вардар 0:0

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 4.000
Главен судија: Марјан Марковски (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриски и Симон Грданоски (Струга)
Делегат: Тони Ивановски (Охрид)
Стрелци: нема
Жолти картони: Китановски, Марковски, Магловски (Пелистер), Илиевски, Ранџеловиќ (Вардар)
Црвени картони: нема

5. 3. 2013.

Недела или среда, под „Тумбе кафе„ пак ќе има спектакл!

НИТУ ПОМЕСТУВАЊЕТО НА МЕЧОТ ВО РАБОТЕН ДЕН НЕ ЈА НАМАЛУВА ЕУФОРИЈАТА ВО ГРАДОТ ПОД ПЕЛИСТЕР
Ниту одлалањето за три дена не ја спласна атмосферата во градот под Пелистер. И денес се говори само за „вечното дерби„ за првото првенствено соочување на Пелистер и Вардар во Битола по две сезони.

3. 3. 2013.

Победа и пораз на битолските суперлигаши на стартот на „пролетта„

ДОМАШЕН ПОРАЗ И ГОСТИНСКА ПОБЕДА НА ДВАТА КЛУБА ОД БИТОЛА ВО ПРВОТО ПРОЛЕТНО КОЛО ОД ВИП СУПЕР ЛИГАТА
Овче Поле - Пелистер 22:37 (7:22)

 Пролетниот дел од ракиометната ВИП Супер лига ракометарите на Пелистер ја започнаа со победа во Свети Николе против далеку послабата екипа на Овче Поле. Во мирен амбиент зелените првиот дел го одиграа со најсилните адути, а по големата дистанца во продолжението младите надежи победата ја направија поубедлива.

Очекуван пораз на пелистерци во Куманово

ДВАТА КАНДИДАТИ ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ПОСЛЕДНОТО МЕСТО ОЧЕКУВАНО ПОРАЗЕНИ НА ГОСТУВАЊАТА КАЈ ФАВОРИТИТЕ
Куманово - Пелистер 92:77 (24:15, 25:23, 22:18, 21:21)
Фени Индустри - Вардар 97:74 (23:18, 21:18, 22:21, 21:23)

Кошаркарите на Куманово и Фени Индустри го потврдија пласманот во кошаркарската Супер лига, со победи против аутсајдерите Пелистер, односно Вардар. Кумановци на свој терен го победија тимот од Битола со 92:77, а Фени беше подобар од Вардар со 87:74.

2. 3. 2013.

Одложено „вечното дерби„ ќе се игра в среда

ВО ЗАДЕН ЧАС ФФМ ПО БАРАЊЕ НА МВР ГО ОДЛОЖИ ДУЕЛОТ НА ПЕЛИСТЕР И ВАРДАР
Поради новонастанатата ситуација, од безбедносни причини, дербито меѓу Пелистер и Вардар што утре требаше да се игра под „Тумбе кафе“, е одложено за в среда, со почеток во 14 часот  „Поради новонастанатата ситуацији, од безбедносни причини МВР побара дербито да биде одложено.

1. 3. 2013.

„Зелените„ едвај го чекаат стартот на дербито

ПО НЕКОЈА ДИЛЕМА ОКОЛУ СТАРТНИОТ ТИМ, НО ПЕЛИСТЕРЦИ ПОДГОТВЕНИ ДЕРБИТО УШТЕ ВЕДНАШ ДА ПОЧНЕ
По денешниот  тренинг во прекрасен сончев амбиент, стручниот штаб на Пелистер на чело со Гордан Здравков има две непознаници околу стартниот тим, по една во одбраната и во нападот. Но пристапот во мечот е најважната работа која сите ја потенцираат. Младинскиот репрезентативец Томе Китановски верува дека овие 90 минути можат многу да му помогнат на Пелистер да се доближи до целта наречена, опстанок во лигата.